Дома Фудбал Останато Ја плати цената на лошите резултати: Ван Дер Сар си замина од Ајакс

Ја плати цената на лошите резултати: Ван Дер Сар си замина од Ајакс

Голманската легенда Едвин Ван Дер Сар одлучи да си поднесе оставка од позицијата генерален менаџер во Ајакс.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Функцијата легендарниот голман ја извршуваше од 2016. година, но во последно време почна да добива критики поради лошите резултати.

Сезоната Ајакс ја заврши на третата позиција во Холандија и остана без место во квалификациите за Лигата на шампионите и тоа беше најлошиот пласман на клубот во последните 14 години.

„Заминувам по скроо 11 години во клупскиот борд. Поминавме низ многу работи заедно, имаше и тешки периоди. Благодарен сум на луѓето кои ги запознав во мојот период тука.

 Чувствувам дека треба да се опуштам и да правам други нешта. Не чувствувам дека е правилно да носам одлуки за клубот во иднина, затоа завршувам сега“, изјави Ван Дер Сар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

„Слушнав како се крши коска…“: Ужасно откритие на селекторот на Канада по хорор повредата на Коне

Канада како домаќин оствари повеќе од убедлива победа во второто коло од групата Б, но нат…