Дома Фудбал Јаховиќ со хет-трик го реши Хатајаспор! 🎥

Јаховиќ со хет-трик го реши Хатајаспор! 🎥

Maкедонскиот напаѓач Адис Јаховиќ одигра одличен натпревар против Хатајаспор и со хет-трик донесе победа за Гецтепе од 3:2 во рамките од 33. коло во турската Суперлига.

Првиот гол Јаховиќ го постигна после половина час, а осум минути подоцна зголеми на 2:0.

Останатите голови беа постигнати во второто полувреме. Диуф намали на 1:2, а тогаш Јаховиќ со третиот гол на натпреварот ја врати предноста за Гецтепе од два гола. Во 90. минута Хатајспор успеа да стигне до нов гол и да го намали конечниот резултат на 2:3.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Емре Мор го остава фудбалот на 29 години: „Срцето сака, но телото бара друго“

Фудбалерот некогаш нарекуван „турскиот Меси“ ја прекинува кариерата поради здравствени про…