Дома Македонски спорт Јаховиќ: Добивме европски шампион, но и тие се луѓе – ќе излеземе на терен и ќе дадеме се од себе!

Јаховиќ: Добивме европски шампион, но и тие се луѓе – ќе излеземе на терен и ќе дадеме се од себе!

Репрезентацијата на Македонија денес доби тежок ждреб во баражот за Мундијалот во Катар.

Во полуфиналето ќе се сретнеме со Италија, додека со евентуален пласман во финалето ќе гостуваме на Италија или Турција. Коментар и свое мислење за ждребот за нашиот сајт даде репрезентативецот Адис Јаховиќ.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Добивме многу силен противник, европски шампион. Имавме можност да добиеме полесни репрезентации како Шкотска, Велс…Италија е навистина квалитетна репрезентација, во последно време играат навистина добро и не за џабе се европски шампиони. Сепак, од друга страна ние ќе излеземе на терен ќе дадеме се од себе. И тие се луѓе од крв и месо. Нема да се предадеме ќе напраивме се за добар резултат и пласман во финалето. Секако дека и финалето нема да биде лесно против Турција или Португалија, но што е тука е“, ни изјави Јаховиќ.

Фото: ФФМ

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Арне Слот потврди: Преговорите се во тек, сакам да бидам тренер на Ливерпул

Eкипата на Ливерпул и холандскиот тренер Арне Слот се блиску до договор за соработка, потв…