Дома Фудбал Останато Јасно е зошто Диего им кажа „да“ на Мексиканците: Марадона си обезбедил кралски услови!

Јасно е зошто Диего им кажа „да“ на Мексиканците: Марадона си обезбедил кралски услови!

Новиот тренер на мексиканскиот второлигаш Дорадос, Диего Марадона добил услови какви што немаат и многу поуспешни негови колеги.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


За многумина беше изненадување што Марадона брзо ја напушти Белорусија и се пресели во Мексико, но кога ќе се погледнат условите јасно е зошто аргентинската легенда се одлучил на ваков потег.

Самиот договор е огромен, ако се знае дека клубот се натпреварува во втората лига во Мексико. Марадона ќе добива 1.9 милиони евра по сезона.

Освен тоа Диего си обезбедил и „кралски“ услови. Вилата со базен била прва на неговата листа на желб, исто така и чартер лет за секое гостување на клубот.

Мексиканците ги исполниле желбите на Диего, а останува да видиме дали сето тоа ќе им се исплати.

Иначе, овој тим катастрофално ја започна сезоната и од шест натпревари има исто толку порази.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Стивен Џерард се враќа во англискиот фудбал!

Легендата на Ливерпул, Стивен Џерард, нема ангажман откако беше сменет од позицијата трене…