Дома Видео „Јапонскиот Меси“ ги посрамоти ѕвездите на Реал, а најтешко помина Кејлор Навас

„Јапонскиот Меси“ ги посрамоти ѕвездите на Реал, а најтешко помина Кејлор Навас

Реал Мадрид неодамна го донесе 18-годишниот талентиран јапонски фудбалер Такефуша Кубо.

Младиот напаѓач кој го нарекуваат „јапонскиот Меси“ уште во 2011. година како дете пристигна во Барселона и играше за младинските категории на овој клуб, а во 2015. година мораше да го напушти каталонскиот клуб.

Иако Барселона тоа не го планираше, сепак мораше да го направи бидејќи Кубо стигнал во каталонскиот клуб нелегално и поради тоа е казнет и имаше забрана за трансфери.

Кубо после тоа замина во ФК Токио, а ова лето пристигна во Мадрид за 2 милиони евра.

Младиот Јапонец моментално се наоѓа на припреми со Реал за новата сезона, а на еден тренинг го покажа целиот талент кој го поседува.

На видеото кое се појави на интернет се гледа како Кубо во неколку наврати ги посрамоти големите ѕвезди на Реал, а најлошо помина голманот Кејлот Навас.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Видео

Проверете

Барселона следната сезона ќе игра во црни дресови (фото)

Специјализираниот сајт за фудбалски дресови „Footy Headlines“ тврди дека Барселона следнат…