Дома Останати Јамајканец освои злато на 110 метри, но немало ниту да трча ако не била српската волонтерка Тијана

Јамајканец освои злато на 110 метри, но немало ниту да трча ако не била српската волонтерка Тијана

Eдна убава приказна ни пристигнува од Токио поврзана со натпреварувачот од Јамајка Ханзел Парчмент кој го освои златото на 110 метри со пречки.

Парчмент го освои златото, но ако не била волонтерката од Србија по име Тијана Стојковиќ немало ниту да стигне да учествува.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


При излегувањето од хотелот Јамајканецот го промашил автобусот кој требало да го однесе до стадионот и местото на трката. Тогаш додека бил во паника се појавила Србинката која му помогнала така што му дала пари за такси, а тој успеал да ја стигне на време пред почетокот.

На трката Парчмент се претстави во одлично светло и стигна до златото, а Тијана негов вистински херој.

По трката тој и ги вратил парите на Тијана, но и подарил и маица во знак на благодарност.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Погледнете ја неверојатната трка на 16-годишното момче. Коментаторот: Дами и господа, ова е историја

Австралискиот тинејџер Гут (16) трчаше 100 метри за 10,04 секунди и победи на атлетското п…