Дома Фудбал Ѕвезда на Јувентус се забавуваше по еден од најтешките порази во историјата на клубот

Ѕвезда на Јувентус се забавуваше по еден од најтешките порази во историјата на клубот

Бразилскиот фудбалер Даглас Луис беше во центарот на вниманието откако беше забележан во ноќниот клуб „Pick Up“ во Торино, неколку часа по тежок пораз на неговиот тим од Аталанта со резултат 0-4.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Последен пат „Старата дама“ загубила дома во првенството со четири гола разлика во октомври 1967 година од градскиот ривал Торино со ист резултат. Луис, кој моментално е повреден, се забавувал со пријатели. Неговото однесување предизвика незадоволство меѓу навивачите на Јувентус.

Некои искажаа своето незадоволство на социјалните мрежи, сметајќи го неговото однесување како непрофесионално. Бразилскиот 26-годишен плејмејкер пристигна во Јувентус од Астон Вила минатото лето за 51 милион евра. Досега има одиграно 22 натпревари и собрал 795 минути на теренот. Се смета за еден од најскапите промашувања во историјата на клубот.

Роден е на 9 мај 1998 година во Рио де Жанеиро. Кариерата ја започна во младинската академија на Васко да Гама, а подоцна во 2017 година се приклучи на Манчестер Сити. Меѓутоа, никогаш не заигра за првиот тим на Сити поради проблеми со добивање на работна дозвола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Еден куп голови во полуфиналето: Астон вила и Фрајбург ќе се борат за титулата во Лига Европа (Видео)

Англискиот премиерлигаш Астон Вила и германскиот состав Фрајбург ќе се борат за трофејот в…