Дома Фудбал Англија Ѕвездата на Тотенхем се претвори во „бебиситер“ и на теренот ги забавуваше децата на соиграчите (ВИДЕО)

Ѕвездата на Тотенхем се претвори во „бебиситер“ и на теренот ги забавуваше децата на соиграчите (ВИДЕО)

Сон Хеунг Мин дополнително порасна во очите на навивачите на Тотенхем, но и на љубителите на фудбалот ширум светот после она што го направи во неделата.

Кореецот беше суспендиран за последниот лигашки натпревар против Евертон 2:2, но излезе од тунелот кога натпреварот беше завршен.

Како и што е вообичаено на крајот од сезоната фудбалерите и стручниот штаб на овој натпревар ги доведоа своите семејства. Меѓутоа, изгледа дека Сон беше сам, па на теренот се претвори во „бебиситер“.

Одличниот офанзивец им пријде на Ерик Дајер, Кристијан Ериксен и Ерик Ламела и даде се од себе да ги насмее нивните деца.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Пред 15 месеци играше во трета лига, а сега Клоп ќе го повика во Германија

Јирген Клоп, новиот селектор на германската фудбалска репрезентација, планира значајни про…