Дома Трансфер зона Ѕвездата на ПСЖ најави заминување: Не сум задоволен!

Ѕвездата на ПСЖ најави заминување: Не сум задоволен!

Анхел ди Марија не е задоволен од својот статус кој го има во Пари Сент Жермен и јавно го призна тоа.

Аргентинецот после синоќешниот натпревар против Стразбург, во кој беше еден од најдобрите изјави дека би сакал повече да игра.

„Среќен сум во Париз, но не и со тоа како се одвива сезоната за мене. Би сакал повеќе да играм. Сепак, благодарен сум за минутите кои моментално ги добивам бидејќи успевам да докажам дека сум спремен да бидам во стартниот тим“, истакна Ди Марија.

„Правам се за да го докажам тоа, сакам да играм. Знам дека тренерот е тој кој носи одлуки. Вистина е дека кога некој не е задоволен од својот статус, тој мора да игра за да докаже дека заслужува место во стартниот тим“, додаде Аргентинецот.

Се очекува ПСЖ да продаде неколку фудбалери во јануарскиот преоден рок, поради финансискиот фер-плеј, а еден од нив би можел да биде токму Ди Марија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Де Паул после само 6 месеци се враќа во Серија А

Родриго де Паул ова лето беше на мета на многу европски гиганти и се одлучи кариерата да ј…