Од тотален анонимус до ѕвезда на европскиот фудбал за само три месеци! Таков метеорски скок имаше ѕвездата на Алатанта, Франк Кесие за кого се „тепаат“ најголемите европски клубови.
Играчот од Брегот на Слоновата коска е вистинско откритие не само во италијанскиот, туку во европскиот фудбал. 19-годишниот играч за врска на Аталанта стана најбараниот млад фудбалер во Европа.
Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Кесие пред година и половина за само 300.000 евра простигна во Аталанта и после првата сезона помината на позајмица во Чезена, оваа година игра феноменално во дресот на Аталанта и го привлече вниманието на европските гиганти.
Најконкретен интерес во моментов од италијанските клубови покажува Јувентус кој веќе понуди 20 милиони евра за неговиот потпис, плус опција Аталанта да го задржи играчот до крајот на сезоната.
Сепак на „бјанконерите“ нема да им биде лесно да ја победат конкуренцијата бидејќи Кесие е желба и на неколку клубови од Премиер лигата.
Пред се Ливерпул и Тотенхем, кои според италијанските медиуми сакаат да го донесат Африканецот во своите редови уште во јануарскиот преоден рок.
„Црвените“ за неговиот потпис понудиле 22 милиони евра, а „спарси“ еден милион повеќе, па се очекува лицитацијата да продолжи во јануарскиот преоден рок.
Обештетувањето за Кесие може да достигне и до сума поголема од 25 милиони евра, а експертите се сигурни дека станува збор за идната ѕвезда на светскиот фудбал.