Дома Фудбал Ѕвездата на Арсенал четири пати бил на проба во Манчестер Јунајтед

Ѕвездата на Арсенал четири пати бил на проба во Манчестер Јунајтед

Талентираниот напаѓач на Арсенал, Габриел Мартинели призна дека четири пати бил на проба во Манчестер Јунајтед како тинејџер.

Меѓутоа, Бразилецот никогаш не ја поминал пробата и не добил понуда од „црвените ѓаволи“, па во 2019 година потпиша за Арсенал.

Мартинели уште во првата сезона постигна 10 гола, но во последно време се мачи со повреди.

„Поминав четири различни проби во Манчестер Јунајтед кога имав 13 до 16 години. Бев во академијата во истата група со Гринвуд и Брендон Вилијамс и имав можност да се сретнам со играчи како Ибрахимовиќ, Погба… Меѓутоа, тие во ниту еден момент не ми кажаа дека ме сакаат“, открива Мартинели.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

ПСЖ го растури Вилјареал со 0-6: Четири гола уште до 17. минута!

Пари Сен Жермен го задржа максималниот ефект во Лигата на шампионите со убедливи 0-6 на го…