Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ зборуваше за претстојниот дуел против Карлос Алкарас со кого ќе се соочи во четвртфиналето на Австралијан опен.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Ѓоковиќ во три сета (6:3, 6:4, 7:6) го елиминираше Лехечка и закажа прв дуел со Шпанецот од финалето на Олимписките игри во Париз.
„Очекувам голема борба, како што беше во повеќето случаи кога сме играле, можеби само неколку пати беше еднострано. На Вимблдон минатата година беше доминантен, а јас на АТП финалето 2023. Покрај тоа, имавме и други борби, долги мечеви, борби кои ме потсетуваат на дуелите со Надал по интензитетот на теренот“, рече Ѓоковиќ.