Дома Македонски спорт Ѓуровски: Пандев е голем фудбалски мајстор – најдобриот со кој сум играл!

Ѓуровски: Пандев е голем фудбалски мајстор – најдобриот со кој сум играл!

Неодамна поранешниот македонски репрезентативец, Марио Ѓуровски беше промовиран за тренер во клубот каде што беше и играч, Муантонг Јунајтед.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Сега Ѓуровски имаше интервју за телевизијата „Спорт Клуб“ во кое покрај за неговиот нов предизвик збовуаше за Македонија и Пандев.

„Само што ја завршив кариерата и станав тренер и тоа тренер на Мунтонг. Ова е голема прилика за мене и огромно признание. Кога нешто ќе прифатам да го работам се трудам да го работам најдобро што можам, без оглед на која позиција се наоѓам. Се снајдов добро во улогата тренер на младинците, момците играа навистина добро и не би сакал повеќе да се фалам доволно е ова. Некој сепак ја следел мојата работа и затоа сум тука каде што сум“.

За репрезентацијата на Македонија…

Мирсад Јонуз беше прв кој ме повика и ми даде шанса, затоа му должам голема благодарност. Не го заборавам ниту легендарниот Џон Тошак, имавме супер однос. Тој веруваше во мене, играв за Македонија, а бев резерва во Металург Доњеска. И морам да го споменам Горан Пандев, тој е голем фудбалски мајстор – најдобриот со кој сум играл!“, изјави Ѓуровски во овој дел.

Целото интервју на Ѓуровски можете да го прочитате тука.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Финале на Лигата на шампионите: ПСЖ и Арсенал се подготвуваат за престижната титула – Спектакл на повидок!

Доколку седнете пред вашите телевизори во времето на кое сте навикнати да ја гледате Лигат…