Македонскиот одбојакрски репрезентативец Никола Ѓорѓиев со 96 реализирани поени ќе ја заврши групната фаза на европското првенство како еден од петте најдобри поентери на првенството.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Во моментов нашиот најдобар одбојкар е на четвртата позиција на листата на најдобрите поентери на Европското првенство.На врвот на листата е репрезентативецот на Холандија, Абдел-Азиз кој има 123 освоени поени.
Александар Љафтов е втор најуспешен македонски одбојкар во оваа категорија, на 20-то место со 62 поени.
Нашиот коректор одигра извонредно во последните два меча со Белорусија и Словенија и беше инспиратор на победите, но за жал Македонија не успеа да се пласира во нокаут фазата.