
Топ 10 најголеми фудбалски дербија ↓↓↓
Емилијан Ѓорговски и Никола Стоилевски се прекомандувани од Еурофарм Пелистер 2 во Еурофарм Пелистер.




Тие ќе бидат пријавени за натпреварите во Суперлигата, Купот и Суперкупот на Македонија, СЕХА Гаспром лигата и ЕХФ Лига Европа за тимот на Ларс Валтер.




Емилијан Ѓорговски од почетокот на подготовките тренира со вицешампионот на Македонија, а Стоилевски од денес ќе се приклучи на екипата. Претходно од Еурофарм Пелистер 2 во Еурофарм Пелистер се префрлија Павле Атанасијевиќ и Цветан Кузманоски.