Дома Македонски спорт Ѓоргиев лут за смената Матијашевиќ: Срамота е и греота!

Ѓоргиев лут за смената Матијашевиќ: Срамота е и греота!

Најдобриот македонски одбојкар Никола Ѓоргиев испрати критики до Одбојкарската федерација на Македонија откако денес беше сменет селекторот Никола Матијашевиќ, а на негово место е поставен Душко Николиќ.

За Ѓоргиев смената на Матијашевиќ е срамна, затоа што пред две години Македонија под негово водство дебитираше на едно Европско првенство,, а сега ја чека второто во септември.

„Срамота и греота е! Две Европски првенства, а пред четири години сонувавме за ЕП. Изгледа со некои луѓе во ОФМ сѐ е можно. Браво!“, напиша Ѓоргиев.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Стојковска бара поголема видливост за шахот и еднакви можности за шахистките

Македонската репрезентативка ги посочува разликите во наградните фондови и недоволното мед…