Македонскиот стратег Ѓоко Хаџиевски повторно ќе го води тимот на Хата од Дубаи.




Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Хаџиевски по пет гопдини се враќа во кормилото. Поранешниот селектор на Македонија ја водеше оваа екипа во сезоната 2016/2017.




Пред Хата последен клуб на Хаџиевски беше Хаџер, работеше и во Емирејтс. Во неговата кариера беше тренер на Ал Дафра, Наџран, водеше клубови и во Азербејџан и Бугарија, додека во Македонија имаше прилика да работи во Вардар, Пелистер, Беласица и Силекс.




Дел од стручниот штаб на Хата ќе бидат Филип Деспотовски и Филип Спасески, а Филип Маџовски ќе биде тренер на голманите во оваа екипа.