Дома Тенис Ѓоковиќ после тешка борба во 1/8 финале во Париз

Ѓоковиќ после тешка борба во 1/8 финале во Париз

Новак Ѓоковиќ се намачи против Роберто Баутиста, но успеа да се пласира во 1/8 финалето на „Ролан Гарос“.

Српскиот тенисер мечот го доби со 3:1 во сетови 6:4, 6:7 (6:8), 7:6 (7:4) и 6:2, а на теренот помина 3 часа и 12 минути.

Третиот сет се покажа како одлучувачки, но беше и најтурбулентен. Најпрво Аргентинецот имаше предност од 5:3, но Ѓоковиќ се избори за тајм-брејк и успеа да го освои сетот, а последниот сет го доби рутински со 6:2.

Ѓоковиќ во следното коло ќе ги одмери силите со Вердаско, кој денес беше подобар од Димитров.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Црно-бела радост на мразот: Партизан ја совлада Звезда по речиси една деценија

Хокеарите на Партизан го добија вечното дерби со 2:0, а Алијевиќ и Суботиќ ја решија средб…