Дома Останати Ѓоковиќ обезбеди финале и се расплака: Не мислам да застанам тука

Ѓоковиќ обезбеди финале и се расплака: Не мислам да застанам тука

Тенискиот турнир на Олимписките игри во Париз ќе има спектакуларно финале, за златниот медал ќе се сретнат Новак Ѓоковиќ и Карлос Алкараз.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Ѓоковиќ за првпат се пласираше во едно финале на Олимписките игри, откако во полуфиналето го победи Лоренцо Музети со резултат 6:4 и 6:2.

Ѓоковиќ со пласманот во финалето веќе обезбеди медал за својата Србија, но и самиот со солзи во очите најави дека ќе биде многу послатко ако го освои златото.

„Јасно е, не планирам да застанам тука, одам на злато во финалето. Не се задоволив само со пласманот во финалето, но сега мора да прославам како што доликува. Обезбедив медал за мојата земја, секогаш имав најголем притисок на Олимписките игри“, изјави Ѓоковиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Скандал на Ролан Гарос: Тенисерка се сопна на рекламите и се повреди, мораше да го предаде мечот (Видео)

Веќе неколку години во Париз се дискутира за рекламите поставени во задните делови на тере…