Дома Останати Ѓоковиќ: На Надал не му одговараат новите услови во Париз

Ѓоковиќ: На Надал не му одговараат новите услови во Париз

Новак Ѓоковиќ го освои турнирот во Рим, што ќе биде одлична увертира пред „Ролан Гарос“, каде се очекува главната битка да ја води со Рафаел Надал.

„Ролан Гарос“ традиционално се игра на крајот на месец мај и почетокот на јуни, но оваа година поради коронавирусот, турнирот ќе почне на крајот на месец септември.

Поради тоа, Ѓоковиќ смета дека временските услови нема да му одат во прилог на Рафаел Надал, но и покрај тоа смета дека е главен фаворит.

„Надал е прв фаворит на Ролан Гарос. Но, дефинитивно Шварцман покажа дека може да се победи Надал на земјен терен. Условите во кои игра сега, кога нема многу отскокнување на топчето од земјата, кога е поголема влажноста, кога се игра навечер, тој игра полошо“, вели Ѓоковиќ.

„Овој пат условите ќе бидат поразлични. Малку дожд, влажен терен, мокра земја, топчињата не отскокнуваат многу и ќе биде поладно. Такви услови се најавуваат за Париз, а мене тоа повеќе ми одговара. Новите услови во Париз не се исти со оние во мај или јуни, но Надал и покрај тоа е фаворит број еден“, додаде Ѓоковиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

НЕВЕРОЈАТНО: Кабиб вечерва победил со скршено стапало!

Кабиб Нурмагомедов го победи Џастин Гатје и објави пензионирање. Првиот човек на УФЦ, Дајн…