Дома Останати Тенис Ѓоковиќ лесно се справи со Фриц и се пласираше во осминафиналето во Мадрид

Ѓоковиќ лесно се справи со Фриц и се пласираше во осминафиналето во Мадрид

Најдобриот тенисер во светот Новак Ѓоковиќ се пласираше во осминафиналето во Мадрид откако во својот прв натпревар на турнирот лесно излезе на крај со Тејлор Фриц.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Ѓоковиќ го победи Американецот Тејлор Фриц со 2:0 во сетови (6:4, 6:2) после само 65 минути игра.

Ова беше втор меѓусебен меч на Ѓоковиќ и Фриц во само дваесетина дена, а Американецот сега покажа нешто повеќе од мечот на Монте Карло.

Фриц имаше сили да ги помине квалификациите и Григор Димитров, но не и сериозно да му се спротистави на Ѓоковиќ.

Во првиот меч на турнирот Новак демонстрираше одличен сервис и со мал пад на крајот стигна до 74% успешност на првиот сет.

Ѓоковиќ својот меч во осминафиналето ќе го игра во четвртокот, а до крајот на денот ќе биде познато кој ќе му биде ривал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ѓоковиќ знае да биде голем и во поразот, погледнете што му кажа на Прижмиќ по мечот (Видео)

Младиот хрватски тенисер Дино Прижмиќ (20) приреди вистинско изненадување откако го победи…