Дома Тенис Ѓоковиќ и Алкараз обезбедија четвртфинале

Ѓоковиќ и Алкараз обезбедија четвртфинале

Двајцата најголеми фаворити на тенискиот урнир на ОИ, Новак Ѓоковиќ и Карлос Алкараз лесно обезбедија четвртфинале.

Ѓоковиќ во два сета го победи Германецот, Доминик Кепфер и се пласираше меѓу најдобрите осум на Олимписките игри во Париз.

Ѓоковиќ ги доби сетовите со 7-5 и 6-3 и во четвртфиналето ќе игра против Стефанос Циципас.

Алкараз славеше против Роман Сафиулин со 2-0 во сетови, односно 6-4 и 6-2.

Шпанецот ќе се бори за полуфинале на турнирот против Американецот Томи Пол.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Седум блока против поранешниот клуб: Алексиќ блесна во драмата со Новара

Маја Алексиќ со 17 поени ја предводеше екипата на Скандиќи до победа над Новара во пет сет…