Дома Видео Ѓоковиќ израдува детенце во Дубаи 🎥

Ѓоковиќ израдува детенце во Дубаи 🎥

Новак Ѓоковиќ е најдобар тенисер во светот, па е популарен кај сите генерации, а посебно големо внимание привлекува во Дубаи каде што го игра првиот турнир годинава.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Ѓоковиќ го почна турнирот на најдобар можен начин, и тоа со победа против Лоренцо Музети во првото коло со 6-3 и 6-3 на големо воодушевување на публиката.

За навивачите во Дубаи, Ѓоковиќ е најголема ѕвезда, па тие го следат насекаде и сакаат да се фотографираат со Србинот и да му земат автограм.

На социјалните мрежи се појави видео на кое јасно може да се забележи зошто Ѓоковиќ е еден од најголемите спортисти во светот.

Едно момче го запозна својот идол, а Ѓоковиќ му подари маичка, па така го воодушеви светот со неговиот потег.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Видео

Проверете

Ѓорческа одлично тргна и ја скокна првата пречка во квалификациите за Вимблдон!

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа успешно го започна настапот во квалификациите за Вимб…