Дома Останати Тенис Ѓоковиќ изненади со својата изјава до кога сака да игра

Ѓоковиќ изненади со својата изјава до кога сака да игра

Новак Ѓоковиќ во последно време не игра во најдобра форма, но сепак српскиот тенисер не размислува за пензија иако за само еден месец ќе наполни и 37 години.

Ѓоковиќ изминатата вечер во Мадрид по петти пат во кариерата го доби признанието за најдобар спортист во светот. Во јавноста се шпекулираше дека може да се повлече од професионалното играње тенис по Олимписките игри во Париз ова лето, сепак неговите планови се поинакви.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Мојата најважна цел оваа година е златниот медал на Олимписките игри во Париз. Верувам дека е можно, да не верувам, не би играл. Секогаш треба да верувате дека сè е можно во животот. Кој знае дали повторно ќе имам таква шанса, сакам да учествувам на Игрите во Лос Анџелес во 2028 година, но никогаш не се знае што ќе се случи“, изјави Ѓоковиќ.

Бидејќи сака да биде максимално подготвен за Ролан Гарос, Вимблдон и Олимписките игри, Ѓоковиќ одлучи да не настапи на Мастерсот во Мадрид.

„Го подготвувам моето тело за Ролан Гарос, Вимблдон, Олимписките игри во Париз и УС Опен и овој период е исклучително важен за мене. Планирам да учествувам на Мастерсот во Рим за две недели. Се надевам дека следната година ќе играм во Мадрид. Уште сум млад, имам многу време за игра“, истакна српскиот тенисер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Реал тргнува по дефанзивец на Тотенхем

Реал Мадрид сака да ја засили одбраната во зимскиот преоден рок, а најново име на списокот…