Дома Останати Ѓоковиќ го победи Надал за израмнивање во финалето на АТП

Ѓоковиќ го победи Надал за израмнивање во финалето на АТП

Новак Ѓоковиќ го победи Рафаел Надал со 6:2, 7:6 во вториот натпревар од сингл и донесе бод за Србија за израмнување во финалето на АТП Купот против Шпанија.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Претходно во првиот дуел Роберто Баутиста-Агут го донесе првиот поен за Шпанците откако беше подобар од Душан Лајовиќ со 7:5 и 6:1.

По 29-ти пат во својата кариера Ноле излегува како победник во меѓусебните дуели против Рафа и ги одржа шансите на српската репрезентација за титулата.

За решавачкиот меч во двојки се најавени и Ѓоковиќ и Надал. Во српскиот состав покрај вториот тенисер во светот е Виктор Троицки. Кај Шапнија со Надал во тандем е најавен Пабло Карено-Буста.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Утрешниот меч на Ѓорческа на Вимблдон ќе може да се гледа во живо!

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа утре (вторник) ќе го испише најголемото поглавје во с…