Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан сака во својот тим да го види фантастичниот Сенегалец, Садио Мане.
Крилниот фудбалер на Ливерпул оваа сезона игра одлично во дресот на Ливерпул. Како што е познато, Реал ќе прави реконструкција на тимот, а Зидан сака еден од новите фудбалери да биде Садио Мане.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Па така, Кралевите наводно одлучиле да понудат интересна размена. Тимот од Мадрид за Сенегалецот го нудат францускиот дефанзивец Рафаел Варан.
Сепак, прашање е дали Варан ќе прифати преселба на Енфилд. Последните шпекулации се дека тој преферира трансфер во Јунајтед, кој клуб е сериозно заинтересиран за неговите услуги. Претходно, Марка потврди дека Варан одбил да го продолжи договорот и побарал трансфер во летниот преоден рок.
Како што Французинот има желба да замине, така и Реал планира тоа да го искористи. Ќе го понуди на Ливерпул во замена за Мане и се надева дека од Енфилд ќе стигне позитивен одговор.
Од друга страна пак, тимот од Енфилд за овој 26-годишен фудбалер постави висока откупна сума. Ќе бара 130 милиони евра на тимот кој ќе го посака во своите редови, а претседателот на Реал, Перез после се што се случи оваа сезона нема да штеди на засилувања.