Дома Фудбал Англија Што изјави Клоп по минатогодишното финале против Реал?

Што изјави Клоп по минатогодишното финале против Реал?

Jирген Клоп повеќе нема ист тим, но веројатно и не е само тој виновен. Од екипа која минатата втора половина на мај се бореше за четири трофеи, а освои два, додека Премиер лигата ја испушти во последните 20 минути од сезоната станаа тим кој како голем трофеј би славел четврто место во првенството.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Во финалето минатата сезона Реал Мадрид го победи Ливерпул со 1:0, „црвените“ имаа повеќе прилики, но тимот на Анчелоти знаеше да ја искористи својата предност.

Веднаш по тоа финале Клоп беше горд на својот тим и сигурен дека ќе играат ново финале.

„Каде е наредното финале во ЛШ? Во Истанбул? Резервирајте хотели, Ливерпул ќе биде таму“, изјави тогаш Клоп.

Осум месеци подоцна, Ливерпул изгуби 2:5 на свој терен и има 19 бодови помалку од Арсенал од врвот во ПЛ, а нема да ги освои ниту трофеите во ФА и Лига Купот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Неочекуван случај во светот на фудбалот: Челси му плати на големиот ривал повеќе од 300 милиони евра

Во првиот тим на Челси оваа сезона би можело да има двојно повеќе играчи од академијата на…