Дома Фудбал Останато Што е разликата помеѓу Солскјер и Мурињо? – Само тоа што Солскјер победува

Што е разликата помеѓу Солскјер и Мурињо? – Само тоа што Солскјер победува

van gal

Легендарниот холандски тренер Луис Ван Гал последната работа ја имаше на клупата на Манчестер Јунајтед.

Ван Гал во 2014 година пристигна како некој кој треба да биде спасител после очајната сезона на Дејвид Мојс, но раководството го замени и на неговото место го доведе Жозе Мурињо.

Во разговор за „Би-Би-Си“ тој сега го коментираше неговиот наследник Жозе Мурињо, но и актуелниот менаџер Оле Гунар Солскјер.

„Тренерот кој дојде после мене (Мурињо) ја промени тактиката. Паркираше автобус и играше преку контри. Сега тука е друг тренер кој исто така паркира автобус и игра на контри. Единствената разлика помеѓу Мурињо и Солскјер е што Солскјер победува“.

„Знам зошто Ед Вудворд го избра Мурињо. Тој е голем тренер, освои повеќе трофеи од мене. Сепак не ми се допаѓа што го контактираа додека јас бев под договор и никој не ме извести, додека новинарите ми поставуваа прашања за мојата иднина во клубот секој петок“, изјави Ван Гал.

Исто така смета дека направил грешка што го избрал Манчестер Јунајтед пред Тотенхем.

„Тотенхем од денешна гледна точка ќе беше подобар избор. Манчестер Јунајтед имаше стар тим и знаев дека ќе морам да направам големи промени. Дали погрешив? Можеби, но го следев срцето. Работев во најдобрите тимови во Холандија, Германија и Шпанија, па потоа и во Англија“, истакна Ван Гал.

Ван Гал Јунајтед го напушти со трофеј. Го освои ФА Купот, но само два дена подоцна доби отказ.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Сон го објасни епскиот гол против Барнли

Во саботата Тотенхем го победи Барнли со 5:0, а во овој триумф супер гол постигна Сон Хеун…