Дома Фудбал Шпанците немоќни и од белата точка, си одат дома🎥

Шпанците немоќни и од белата точка, си одат дома🎥

Репрезентацијата на Мароко го приреди едно од најголемите изненадувања на Мундијалот и ја елиминира Шпанија во осминафиналето.

Шпанците калкулираа, го посакуваа Мароко за противник, но тоа им се оби од глава, па беа елиминирани после изведување на пенали.

Мароко одлично се бранеше и не дозволуваше Шпанија да создава посериозни прилики за гол, но знаеа и сериозно да се заканат преку конранапади.

Откако во регуларниот дел немаше голови мечот замина во продолженија, а таму најголемата шанса ја имаше Сарабија, кој ја погоди стативата во 120 минити.

Во пенал серијата Шпанците комплетно потфрлија и не постигнаа ниту еден гол од три обиди, па Мароко се пласира во четвртфиналето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Забарни со глава за три бода: ПСЖ ја совлада Троа со 1-0

Голот на Илија Забарни во 39. минута му донесе победа на ПСЖ против Троа на „Паркот на при…