Во медиумите во Шпанија се шпекулира за можно враќање на Серхио Рамос во редовите на Реал Мадрид поради проблемите со повреди во последната линија на „кралевите“.
Повредени во Реал се Едер Милитао, Давид Алаба и Дани Карвахал, па затоа Рамос се појавува како опција да го засили тимот. Шпанскиот втеран е без ангажман откако му истече договорот со Севиља.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Навивачите би сакале да го видат Рамос повторно во белиот дрес, меѓутоа „Марка“ која важи за медиум близок доРеал Мадрид пишува дека Реал би направил грешка со негово враќање.
Шпанскиот весник потсетува дека Рамос е во поодминати фудбалски години (38), а исто така се истакнува и дека Реал Мадрид нема стратегија на доведување на ветерани и се фокусира на помлади играчи.