Дома Фудбал Шпанците најавуваат изненадување: Флик во Барса сака да врати една легенда, Ракитиќ фаворит

Шпанците најавуваат изненадување: Флик во Барса сака да врати една легенда, Ракитиќ фаворит

Иван Ракитиќ би можел да се врати во Барселона во улога на помошник тренер, пренесуваат шпанските медиуми.

Веќе е извесно дека Флик ќе биде новиот тренер, а според последните информации тој барал помошници во поранешните играчи кои зборуваат германски и шпански јазик со цел да има подобра поврзаност помеѓу него и фудбалери. Ракитиќ е легенда на Барселона и ги задоволува таквите услови.


Мбапе со маска на победа против Холандија! ↓↓↓


Флик со себе ќе понесе двајца помошници со кои соработуваше и во претходните ангажмани, но би сакал да придодаде уште еден член. Тијаго Алкантара кој играше под водство на Флик во Баерн веќе бил контактиран. За Барселона е проблем што Алкантара иако со завршувањето на сезоната останува без договор, има 33 години и сака да продолжи да игра.

Останатите опции кои се споменуваат се Марк Бартра (33) и Хави Мартинез (36), двајцата како и Алкантара се се уште активни играчи. Сепак, името на Ракитиќ повеќе се издвојува.

„Ракитиќ има совршено познавање на германски и шпански јазик, а и големо минато во Барселона. Тој е во Саудиска Арабија и логично ако прифати, тоа ќе биде за значително послаб финансиски договор“, пишува „АС“.

Ракитиќ од неодамна стана член нна Ал Шабаб од Саудиска Арабија, додека за Барселона одигра 333 натпревари во кои постигна 40 голови и подели 42 асистенци, освои 13 трофеи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Во соблекуалната на Србија имало драма: Павловиќ колабирал – го враќале во живот!

Вистинска драма се случувала во соблекувалната на Србија на полувремето од натпреварот со …