Дома Трансфер зона Шпанците испратија понуда која Тотенхем тешко ќе може да ја одбие

Шпанците испратија понуда која Тотенхем тешко ќе може да ја одбие

Хари Кејн безмилосно ги тресе противничките мрежи во дресот на Тотенхем, а со одличните настапи го привлече вниманието од големиот Реал Мадрид.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


„Кралевите“ нудат огромни пари за Кејн. Наводно станува збор за сума од 150 милиони фунти, а покрај пари подготвени се да испратат и еден од нивните фудбалери во Лондон.

Така, според пишувањата на шпанските медиуми, Реал на лондонскиот клуб му понудил да избере помеѓу Герет Бејл, Карим Бензема и Матео Ковачиќ, а наводно и сите тројца би можеле да завршат во редовите на Тотенхем.

Кејн има договор со Тотенхем до 2022. година. Во него нема откупна клаузула, но без никакви дилеми наскоро би можеле да бидеме сведоци на уште еден голем трансфер, можеби и најголемиот во историјата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…