Дома Фудбал Шпанците го налутија Фиго: Португалската легенда спремна е и на тужба

Шпанците го налутија Фиго: Португалската легенда спремна е и на тужба

Не стивнуваат реакциите по вчерашното доделување на „Златната топка“ која заврши во рацете на Шпанецот Родри.

Во Реал Мадрид сметаат дека се оштетени, а поради тоа и не се појавија на церемонијата во Париз. Помеѓу сите реакции во шпанските медиуми се појави и наводна изјава на легендарниот Луис Фиго.

„Златната топка беше престижна награда се до денеска“, гласеше наводната изјава на Португалецот.

Но, како што стојат работите изгледа се работело за лажна изјава. Преку својот профил на социјалната мрежа „X“ Фиго порача дека е спремен и да го тужи медиумот кој ја објави оваа изјава, а подоцна истата беше пренесена и од бројни други медиуми.

„Не знам од каде е таа изјава, но барам да се поправи или ќе тужам. Ова не се мои зборови, ако сакате расправија да одиме на суд“, објави Фиго.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Даглас Луиз блесна кога му беше најпотребно на Јувентус!

Со асистенција за Мекени и својот прв гол за клубот, Даглас Луиз го предводеше Јувентус до…