Дома Фудбал Перез: Гути е морон, а Фиго ја уништи екипата!

Перез: Гути е морон, а Фиго ја уништи екипата!

Продолжува објавувањето снимки на кои Перез зборува лошо за играчите, тренерите и медиумите…

Утрово објавени се нови аудиоснимки и транскрипт разговори. Новите снимки го покажуваат начинот на кој Перез зборува за играчите кога во близина нема медиуми или подобро кажано кога тој мислел дека нема.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Перез со Раул, Касиљас и Роналдо имал комплексен однос, но новите снимки покажуваат дека неговиот однос со Гути бил најлош можен. На објавената снимка која е од 2007 година, значи кога Перез не беше во клубот, зборува против Гути откако го продолжи договорот со клубот до 2010 година.

„Шокиран сум колку Калдерон се измами со Гути, одигра само два добри натпревари“

Перез се врати во Реал во 2009 годин, а Гути веднаш следната сезона го напушти клубот без проштален натпревар или нешто слично иако е играч кој одигра повеќе од 500 натпревари и во дел од нив ја носеше капитенската лента.

Во септември 2012 е снимен разговор во кој Перез го критикува Гути, овој пат не му се допаднало што станал стручен коментатор во Кадена СЕР.

„Гути е морон. Тој е како коза, самиот себе си е најголем непријател. СЕР вработиле морон. Нема тоа да оди, не е способен“, зборува Перез во разговорот.

Инаку Гути во 2016 се врати во клбуот и беше тренер во помлаадите категории, но си замина после едве години откако му стана јасно дека нема простор да напредува и да добие некоја подобра позиција.

На најновите разоговори Перез зборува и за Фиго. Откако во 2006 година го продал во Интер, Перез го обвинил Фиго дека е виновник за крајот на ерата на „Галактикосите“.

„Фиго е тој кој ја уништи екипата. Најдобар беше Зидан, нема дилеми. Фиго беше ку*вин син, баш како и Раул. Двајцата беа најлоши за тимот“, зборувал Перез кој ќе потсетиме го критиува Раул и во првите објавени снимки.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Арне Слот потврди: Преговорите се во тек, сакам да бидам тренер на Ливерпул

Eкипата на Ливерпул и холандскиот тренер Арне Слот се блиску до договор за соработка, потв…