Eкипата на Барселона со 4:1 славеше победа против Жирона во Ла Лига во рамките од петтото коло во Ла Лига, а одличен во овој натпревар беше Ламин Јамал кој постигна два гола. По еден додадоа Дани Олмо и Педри.
Младото шпанско крило во пет настапи има три гола и четири асистенции, против Жирона доби и аплаузи од противничките навивачи. Во 92. минута Жерард Мартин влезе во игра на местото на Јамал и домашната публика го испрати со силен аплауз.
Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓
Тој момент го забележи шпанскиот новинар Хозеп Капдевиља кој повлече паралела со Винисиус Жуниор од Реал Мадрид. Бразилецот често пати се жали на однесувањето на шпанската публика на гостинските стадиони.
Винисиус со своето однесување ги провоцира противничките навивачи кои не му остануваат должни. Потоа редовно се жали дека неговиот третман е поврзан со расизмот. Споменатиот Капдевиља на социјалните мрежи објави:
„Не разбирам. Ламин е црн, а доби овации од стадионот во Жирона. Винисиус, можеш ли ова да ми го објасниш?“, гласи коментарот на новинарот.