Дома Фудбал Англија Шоуто може да почне: Емери ќе се шокира кога ќе види против кого ќе игра во првите две кола

Шоуто може да почне: Емери ќе се шокира кога ќе види против кого ќе игра во првите две кола

0

Иако англиската Премиер лига беше завршена пред неколку недели, бројни навивачи ширум светот уште сега со нетрпение ја очекуваат новата сезона.

Да потсетиме, титулата ќе ја брани Манчестер Сити, а од тронот пред се ќе се обиде да го симне Манчестер Јунајтед.

Исто така, ќе биде интересно да се види како Емери ќе се снајде на клупата на Арсенал, како ќе игра Ливерпул и дали Челси во новата сезона ќе влезе со нов тренер.

Денеска е објавен распоредот на натпревари за следната сезона, а првото коло ќе ни донесе големо дерби помеѓу Арсенал и Манчестер Сити. Тоа е доказ дека Емери ќе ја почуствува целата тежина на ПЛ уште во првите две кола со оглед на тоа дека игра против Сити и против Челси.

Единствено еден од тимовите кои ќе се бори за титулата а нема да има тежок распоред во првите три кола е Ливерпул. Екипата на Јирген Клоп прво го пречекува Вест Хем, па гостува кај Кристал Палас, а потоа го пречекува Брајтон.

Да потсетиме, новата сезона во ПЛ започнува на 11. август.

Коментари
loading...
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Роналдо ја промени историјата: Го мина Пушкаш и стана најефикасен Европеец!

Кристијано Роналдо со голот против Мароко дојде до 85-от гол за Португалија и со тоа стана…