Дома Фудбал Останато Шок: Холандски прволигаш исфрлен во втора лига поради Абрамович!

Шок: Холандски прволигаш исфрлен во втора лига поради Абрамович!

Со неговото принудно заминување од Челзи, кое мораше да му го продаде на Тод Боли кога започна војната во Украина, Роман Абрамович падна во втор план во медиумите. Сепак, сега еден скандал во холандскиот фудбал го врати на сцената.

Имено, англиски „Гардијан“ донесе информација според која самиот Абрамович стои зад испаѓањето на тимот на Витезе во втората холандска лига.


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


По 35 години Витезе испадна во втората лига на Холандија откако му беа одземени 18 бода, па сега на четири кола пред крајот има -1 бод.

Одземени бодови се поради проблеми со лиценцирањето на играчите. Фудбалскиот сојуз на Холандија воведе санкции за овој тим, а како што пишува „Гардијан“, постојат индиции дека поранешниот сопственик на Челзи, Роман Абрамович ги контролирал или сè уште ги контролира работите во клубот.

Исто така, беше наведено дека Витезе криел клучни информации во истрагата, додека Абрамович тајно инвестирал повеќе од 100 милиони евра во овој клуб.

Инаку, Витезе беше промовиран во највисок ранг во 1989 година. Никогаш не ја освои титулата, додека во Купот триумфираа во 2017 година.

Да потсетиме, Абрамович 20 години беше на чело на Челзи, кој имаше блиски врски со Витесе, кој извесно време служеше како филијала на лондонскиот клуб и тука беа испраќани многу фудбалери на позајмици.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Четири засилувања и „пеколен“ напад: Еве како ќе изгледа Милан следната сезона📷

Раководството на клубот од Бирмингем го награди Емери и му понуди нов договор кој ќе трае …