Роман Абрамович поради војната во Украина мораше да го продаде Челзи, а сега според најавите е на добар пат да се врати во фудбалот.
Според последните информации, рускиот тајкун сака да купи мнозинство акции во Валенсија која во овој момент е во финансиска криза. Токму поради оваа криза шпанските медиуми пишуваа дека клубот сака да го продаде голманот Мамардашвили за 30 милиони евра, а на негово место да го доведе бесплатено македонскиот чувар на мрежата Столе Димитриевски (ТУКА).
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Сегашниот прв човек на клубот од „Местаља“, Петер Лим се обиде да го продаде клубот пред две години кога бараше 250 милиони евра, колку што изнесуваа долговите.
Абрамович на голема врата во фудбалот влезе во 2003 година кога купи мнозински паект акции од Челзи и изгради респектабилен клуб во Англија. Поради санкциите за руските олигарси во Британија мораше да го продаде клубот, а во негвата ера „сините“ освоија пет трофеи во ФА Купот, три во Лига Купот, двапати ја освојуваа Лигата на шампионите и Лигата на Европа.