Дома Фудбал Шок на „Олд Трафорд“, Варан го чека долга пауза

Шок на „Олд Трафорд“, Варан го чека долга пауза

Дефанзивецот на Манчестер Јунајтед, Рафаел Варан може да биде надвор од терените во следните шест недели поради повредата што ја заработи на натпреварот против Нотингем Форест минатиот викенд, пренесува „Скај Спортс“.

Ова е уште еден удар за Тен Хаг, откако поради повреди се надвор од терените уште двајца дефанзивци, Лук Шо и Тајрел Маласија.

Варан е лидер на одбраната на „црвените ѓаволи“, па неговото отсусво сигурно многу ќе влиае на играта.

Поради тоа не е исклучено Манчестер Јунајтед да ја стопира продажбата на Мегваер во летниот преоден рок.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Два поништени гола и непробојна Фалк: Челси запрен во Шведска

Фудбалерките на Челси доминираа против Хекен, но останаа без погодок и одиграа 0-0 во Лига…