Дома Фудбал Шок на „Бернабеу“: Се повреди и Кејлор Навас

Шок на „Бернабеу“: Се повреди и Кејлор Навас

0

После повредата на Тибо Куртоа денес пристигнаа нови лоши вести за Реал Мадрид, откако се повреди и вториот голман, Кејлор Навас.

Имено, Навас се здовил со повреда на мускулот на денешниот тренинг, па сега се очекува колку време ќе му биде потребно за рехабилитација.

Готово сигурно Навас нема да биде во составот за утрешното дерби против Севиља. Денес Куртоа започна со тренинзи, но е далеку од оптималната форма.

Реал Мадрид пред два дена го продаде третиот голман Кико Касиља во Лидс, па сега остана буквално без голман за важниот меч против Севиља.

Во тој случај тренерот Солари ќе биде приморан за дербито да го користи 20-годишниот Лука Зидан, кој до сега има само еден меч во Примера.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Сакаше ли Нејмар да испрати некаква порака со цитатот од Боб Марли? (ФОТО)

Фудбалскиот свет го чека расплетот околу Нејмар и оваа сапуница сигурно ќе биде актуелна д…