Дома Македонски спорт Мак фудбал Шок за Шкендија: Место лесно до спектакл со Селтик доживеаа катастрофа во Скопје

Шок за Шкендија: Место лесно до спектакл со Селтик доживеаа катастрофа во Скопје

Македонскиот шампион Шкендија денес доживеа вистински шок на стартот од квалификациите во Лигата на шампионите.

Шкендија во Естонија победи со 0:1 и се очекуваше денес рутински да ја доврши работата, меѓутоа тоа не се случи. Номе Каљу во Скопје победи со 1:2 и поради голот на гости обезбеди пласман во следната фаза.

Шок за Шкендија стигна уште во шестата минута кога Уге донесе предност за гостите. Олеснување за тетовци стигна во 61-та минута кога Агим Ибраими резализираше пенал.

До последните минути Шкендија имаше обезбедено место во наредното коло кое ќе донесеше веројатно спекаткл против Селтик. Меѓутоа во 91-та минута Лилиу ја шокира Шкендија и погодува за голема победа на клубот од Тетово од 1:2.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Ковид-19 го откажа баражот за влез во Втората лига запад, новиот второлигаш ќе се решава со ждрепка

Oд ФФМ денес потврдија дека се откажува баражот за влез во втората лига кој требаше да се …