Дома Фудбал Англија Шок за Манчестер Сити: Габриел Жесус го одби новиот договор

Шок за Манчестер Сити: Габриел Жесус го одби новиот договор

Бразилескиот репрезентативец Габриел Жесус пред нешто повеќе од една година пристигна во Манчестер Сити и одлично се вклупи на „Етихад“.

Челниците на Манчестер Сити одлучија да му го продолжат договорот на Брзилецот со цел да ја зголемат откупната клаузула, но и да му дадат повисока плата.


ЕУРО 2024: Кој јунак ќе ја сопре Франција!? ↓↓↓


Но, според пишувањата на англиските медиуми „граѓаните“ добиле неочекувани проблеми бидејќи Габриел Жесус го одбил новиот договор.

Имено, „Сан“ пренесува дека Манчестер Сити му понудил нов договор до 2023 година и неделна плата од 90.000 фунти, но Бразилецот го одбил тоа.

Жесус со актуелниот договор на „Етихад“ заработува 65.000 фунти неделно и порачал преку своите менаџери дека ќе го продолжи договорот, но само под услов да добива најмалку 100.000 фунти неделно.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Погледнете што промаши Лукаку🎥

Ромелу Лукаку како да е претплатен за големи промашувања, па и ова Европско првенство го з…