Дома Фудбал Шок за Аталанта: Скамака во „аут“ скоро цела сезона!

Шок за Аталанта: Скамака во „аут“ скоро цела сезона!

Италијанскиот напаѓач Џанлука Скамакa ги скинал вкрстените лигаменти на коленото, пренесуваат локалните медиуми.

Скамака беше одличен минатата сезона и беше еден од клучните играчи за историската сезона на Аталанта во која го освои трофејот во Лига Европа, па така ова е тежок удар за тимот на Гасперини.

Се очекува тој да отсуствува од терените меѓу шест и седум месеци, а би можел да се врати на почетокот на пролетта и евентуално да биде подготвен за крајот на сезоната.

Повредата ја заработи на подготвителен натпревар, само десет дена пред натпреварот од Суперкупот на Европа против Реал Мадрид.

Поради ваквата ситуација не е исклучена можноста Аталанта да се засили со напаѓач во летниот преоден рок.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Холандија ја растури Грција со 7-0: Хет-трик на Рејндерс!

Рејндерс постигна три гола до 33. минута, Тимбер додаде два, а Холандија ја испрати Грција…