Дома Топ вести Шок во Шпанија: Еден од шпанските гиганти пред згаснување!?

Шок во Шпанија: Еден од шпанските гиганти пред згаснување!?

Голема финансиска криза после пандемијата со коронавирусот ја погоди Валенсија, еден од шпанските гиганти.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Клубот е погоден од финансиска криза и веќе мораа да ја прекинат соработката со Парехо и Кокелан, играчите кои беа најплатени во тимот. Двајцата кариерата ја продолжија во Виљареал.

Сепак, нивното заминување не ги реши проблемите бидејќи клубот е во проблем и не може да исплаќа плати и на останатите фудбалери.

Јасно е дека од нови играчи нема да има ништо, а големо прашање е кои играчи ќе ги задржат и дали ќе можат да настапуваат во првата лига.

Фудбалрите тренираат, но свесни се за ситуацијата. Кажано им е дека клубот повеќе не може да ги плаќа и се очекуваат заминувања.

Доколку не најдат компромис со играчите Валенсија нема да може да настапува во ниту едно натпреварувања, а тоа би значело и евентуално згаснување на клубот што би било голема трагедија за шпанскиот фудбал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Голем трансфер во Катар, Лацио остана без капитенот

Алесио Ромањоли повеќе не е фудбалер на Лацио. Искусниот италијански стопер одлучи да го н…