Дома Фудбал Шокантна одлука на Мурињо: Погба на клупа против Севиља

Шокантна одлука на Мурињо: Погба на клупа против Севиља

Во последно време медиумите често шпекулираат дека постои нетрпеливост помеѓу Погба и Жозе Мурињо, а после денешниот потег на Португалецот тие сигурно ќе се засилат.

Имено, англиските медиуми пренесуваат дека Погба ќе остане на клупата за резерви на вечерашниот меч против Севиља во Лигата на шампиони.

На негово место во стартниот состав ќе се најде младиот Скот МекТомини, кој во последно време се почесто добива шанса од Мурињо.

„Специјалниот“ во неколку наврати јавно ја критикуваше играта на Погба, но изоставањето во вака важен натпревар, само ги подгрева шпекулациите дека постои конфликт помеѓу нив двајцата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Трет сезонски гол за Елмас, но Еспозито ја држи Аталанта во негатива

Елиф Елмас погоди против Интер во 35. минута, но Аталанта и натаму брка резултат. Милански…