Дома Македонски спорт Мак фудбал Шкендија се мачеше, но на крајот стигна до победа во Естонија (ВИДЕО)

Шкендија се мачеше, но на крајот стигна до победа во Естонија (ВИДЕО)

0

Македонскиот шампион Шкендија денес го одигра првиот натпревар во квалификациите за Лигатан а шампионите против естонскиот Номе Калју.

Шкендија од Естонија се враќа со минимална победа од 0:1.

Клучниот момент се случи во 80-тата минута кога во фудбалерот на домаќините Маркович апсолутно непотребно бидејќи Шкендија не беше во опасна акција играше со рака. Главниот судија сосема оправдано покажа на белата точка, а сигурен реализатор на најстрогата казна беше Ибраими.

Шкендија во текот на целиот натпревар имаше иницијатива и посед меѓутоа тетовци не создаваа 100% шанси најдобрата прилика покрај голот ја видовме после 30 минути игра кога Марјан Радески со глава ја погоди пречката.

Според она што го видовме од Номе Калју Шкендија не би требало да има проблем во реваншот на домашен терен да ја одбрани оваа предност. Естонците денес не покажаа ништо освен што беа повлечени пред својот гол и се обидуваа да се одбранат.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Нов разочарувачки пораз на Шкендија (видео)

Македонскиот шампион Шкендија доживеа нов пораз во европските квалификации, овој пат на св…