Дома Македонски спорт Мак фудбал Шкендија директно го ослабува Вардар – го донесе Хуан Фелипе!

Шкендија директно го ослабува Вардар – го донесе Хуан Фелипе!

0

Актуелниот шампион Шкендија му нанесе голем удар на најголемиот ривал Вардар, откако успеа да му го „украде“ Хуан Фелипе.

Бразилецот важеше за еден од најдобрите фудбалери во македонскиот шампионат во последните сезони, имаше кратка авантура во Казахстан по која се врати назад во Вардар, но поради големите финансиски проблеми реши повторно да си замине од таборот на „црвено-црните“.

Хуан Фелипе избра да се пресели во најголемиот ривал на Вардар, и потпиша договор на „една плус една сезона“ со Шкендија.

Нема сомнеж дека Бразилецот ќе биде големо засилување за тренерот Османи како во првенството, така и во квалификациите за Лигата на шампионите.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Одреден и терминот: Против Косово играме во 20:45 часот, финалето е од 18:00

Попладнево ждрепката во Нион сакаше Македонија ако го помине Косово во полуфиналето да игр…