Дома Македонски спорт Мак фудбал Шкендија ги објави цените: Милан во Скопје за 400 до 1000 денари!

Шкендија ги објави цените: Милан во Скопје за 400 до 1000 денари!

Македонскиот фудбалски клуб Шкендија ги одреди цените на билетите за дуелот против Милан, кој ќе се игра на 24 август во Скопје.

Шкендија ќе игра против Милан во плеј-офот од Лига Европа на 24-ти август во Скопје, а картите се поделени во четири блока.

Цената е навистина пристојна, па љубителите на фудбалот ќе имаат можност да го гледаат италијанскиот гигант за цени од 400 до 1000 денари. Влезници ќе има и по цена од 600 и 800 денари.

Продажбата на билетите ќе започне вечерва, а ќе може да се купат на продажни места во Скопје, Приштина и Тирана.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Наковски без загубен сет оди на дуел со Газели, Младост го сопре шампионот

Наковски волеј и Газели ќе се сретнат во следното коло како единствени непоразени екипи. М…