Легендарниот напаѓач на Милан, Андриј Шевченко се спрема за враќање на клубска сцена.
Севченко веќе се поврзуваше со поранешниот клуб Милан, а селекторот на Украина во иднина сака да води клуб во Англија, каде претходно играше, или Италија.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Андреа Мадера, кој работи со Шевченко во Украина, за Тутоспорт ја откри таа желба на популарниот Шева.
„После искуството како тренер на репрезентација, негова цел ќе биде да тренира клуб.“ – изјави Малдера и додаде:
„Не е важно дали тоа ќе биде Премиер лигата или Серија А. Тој е вреден работник и од почетокот ме воодушеви. Ме сакаше мене и Мауро Тасатони во стручниот штаб пред четири години и сака да слуша и прифаќа различни визии во одредени ситуации. Многу научи од Карло Анчелоти, внимателен е кон деталите кога играчите се на припреми и кон следењето на нивниот напредок.“
„Она што го дели со Макс Алегри е способноста да ја чита играта – Шева е веродостојна фигура и играчите му веруваат, што е темелно во модерната игра.“ – заклучи поранешниот помошен тренер на Милан.