Дома Видео Швајцарците го налутија Лазаров: Што сакаш бе ти?! 🎥

Швајцарците го налутија Лазаров: Што сакаш бе ти?! 🎥

Репрезентацијата на Македонија ги одигра најдобрите квалификации за пласман на едно Европско првенство.

Вчера во Скопје беше победена Швајцарија со 29:28. Групата ја завршивме втори со 10 бода исто колку што има и светскиот шампион Данска.

Швајцарците пред натпреварот даваа потценувачки изјави дека Македонија не е посебен тим и дека во Скопје можат да победат, но можеби заборавија дека во Скопје падна Данска. Нив победата им беше неопходна за пласман на Еп па затоа во финишот и беа неровозни.

Во финишот од натпреварот Лазаров повик тајм-аут, а тоа предизвика револт кај ривалот на другата страна. Тогаш Кире бурно реагираше како ретко кога.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Видео

Проверете

Вардар ги пушти во продажба билетите за враќањето во Лигата на шампионите!

Вардар по четири години повторно ќе ги пречека најдобрите европски екипи пред своите навив…